Еден ден откако ја презеде контролата, Маск објави на Твитер дека нема да бидат вратени суспендираните сметки додека Твитер не формира „совет за модерација на содржината“ за да ги разгледа случаите
Новиот сопственик на Твитер, Илон Маск, денеска објави дека дава „амнестија“ за суспендираните сметки. Објавата дојде откако тој објави анкета на Твитер за реактивирање на сметки кои „не го кршат законот или шират непријатен спам“. „За“ гласаа 72 отсто.
Should Twitter offer a general amnesty to suspended accounts, provided that they have not broken the law or engaged in egregious spam?
— Elon Musk (@elonmusk) November 23, 2022
„Народот го кажа своето. Амнестијата почнува следната недела. Vox Populi, Vox Dei“,
напиша Маск на Твитер, користејќи латинска фраза што значи „глас на народот, глас на Бога“.
Маск ја употреби истата латинска фраза откако објави слична анкета минатиот викенд пред повторно да го активира профилот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој беше забранет поради поттикнување немири во Капитол на 6 јануари 2021 година. Трамп рече дека нема да се врати на Твитер, но не го избриша својот профил.
Reinstate former President Trump
— Elon Musk (@elonmusk) November 19, 2022
Еден ден откако ја презеде контролата, Маск објави на Твитер дека нема да бидат вратени суспендираните сметки додека Твитер не формира „совет за модерација на содржината“ за да ги разгледа случаите.
Во вторникот, тој рече дека го отфрла ветувањето бидејќи се согласил на тоа на инсистирање на „големата коалиција на политички и општествени активистички групи“ кои подоцна „го прекршија договорот“ кога ги повикаа огласувачите барем привремено да престанат да се рекламираат на Твитер.