Претседателот на Словенечкото медицинско здружение изјави дека јавното здравство е на сериозен тест и оти се влошува ситуацијата
Неколку лекарски здруженија на Словенија побараа сите расположливи медицински работници да се вклучат во здравствениот систем и да се ангажираат во борбата против пандемијата со ковид-19 бидејќи се зголемува бројот на хоспитализирани пациенти, а нема доволно медицински работници.
Претседателот на Словенечкото медицинско здружение и претседавач со одборот за координација на медицинските институции Радко Комадина изјави дека јавното здравство е на сериозен тест и оти се влошува ситуацијата.
„Податоците од здравствените институции покажуваат дека располагаме со доволен број најважни медицински апарати, како што се респираторите. Но, од друга страна, ни недостигаат квалификувани медицински работници, кои знаат да ја користат таа технологија“,
посочи Комадина.