Единствено ковид-ограничување во земјава кое и натаму е во сила е задолжително носење заштитни маски во здравствени установи, аптеки и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост
Ковид-протоколите во предучилишните установи во земјава престануваат да важат во согласност со предлозите од Главниот координативен кризен штаб, кои беа прифатени од Владата, информира Министерството за труд и социјална политика (МТСП).
За ковид-протоколите кои досега беа во сила во предучилишните установи во земјава повеќе на следниот линк.
Владата пред една недела на редовна владина седница донесе одлука со која ги усвои предлозите од Главниот координативен кризен штаб, по препорака на Комисијата за заразни болести за укинување на сите рестриктивни ковид-мерки во земјава.
Единствено ограничување кое и натаму е во сила е задолжително носење заштитни маски во здравствените установи, аптеките и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.