Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел објави дека од вчера попладне е во самоизолација по информација дека член на делегацијата на ЕУ, со кого минатата недела отпатувал во Етиопија, бил позитивен на ковид-19.
„Мојот тест во неделата беше негативен. Во согласност со правилата, јас сум во самоизолација и ќе направам уште еден тест“,
објави Борел на Твитер.
Европската комисија соопшти дека над 160 вработени во таа институција биле тестирани на вирусот.
Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, исто така, се наоѓа во самоизолација откако ковид-19 беше детектиран кај член на неговиот тим.