Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји објави дека е во самоизолација бидејќи член на неговиот кабинет е позитивен на ковид-19.
„Денеска ме известија дека член на мојот тим е позитивен на коронавирусот. Додека ги очекуваме новите резултати, мојот тим и јас сме во самоизолација согласно препораките за јавно здравје. Се чувствувам добро, немам симптоми, а на тестовите минатата недела бев негативен. Останете безбедни!“,
напиша Вархеји на Твитер.
Еврокомесарот оваа недела, на 7 октомври, беше во Скопје, по повод објавувањето на Извештајот за напредокот на земјата во ЕУ и на Економско-инвестицискиот пакет за Западен Балкан. Тој имаше средби со политичките лидери. Се сретна со премиерот Зоран Заев, претседателот Стево Пендаровски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а имаше и обраќање во Собранието.