Во Радовиш денеска се регистрирани првите два случаи на заразени со коронавирус. Станува збор за два од вкупно пет случаи на заразени што биле дијагностицирани преку Центарот за јавно здравје Штип.
Поради тоа, од Министерството за здравство првично соопштија дека во последното деноноќие се регистрирани пет нови случаи во Штип, без притоа да биде спомнат Радовиш.
Според последните информации, од потврдени 53 нови случаи во изминатото деноноќие, дистрибуцијата по градови денеска е следна: Скопје -13, Куманово -8, Штип -3, Радовиш- 2, Прилеп – 2, Струга – 14, Тетово – 2, Велес – 1, Гостивар – 2 и Кочани – 6.