Додека беше на чело на МВР, во првите месеци од епидемијата во земјава, претставници на СДСМ во техничката Влада често го критикуваа Чулев за непостапување и несанкционирање на прекршителите на протоколите за заштита од ковид-19
Поранешниот министер за внатрешни работни Наќе Чулев, кој беше претставник на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада на Оливер Спасовски, е позитивен на ковид-19.
Тој објави на својот фејсбук профил дека добил позитивен резултат на тестот за коронавирус и дека моментно се чувствува добро и се лрекува во домашни услови.
Додека беше на чело на МВР, во првите месеци од почетокот на епидемијата во земјава, претставници на СДСМ во Владата често го критикуваа Чулев за неодговорен однос, односно за непостапување и несанкционирање на прекршителите на протоколите за заштита од ковид-19.
Петровска до Чулев: Поткопување на правната држава во време на пандемија е низок популизам
Премиерот бара оставка од министерот Чулев поради собирот во Струга
Чулев замина од Владата по објавувањето на конечните резултати од годиндешниве парламентарни избори, согласно со Изборниот законик, и се врати на работното место во Агенцијата за разузнавање.

Од ковид-19 се лекува и старо-новиот министер за внатрешни работи Спасовски, кој во понеделникот објави дека добил позитивен тест, а од завчера е хоспитализиран на Инфективната клиника, поради висока температура.
Заразена со ковид-19 е и пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска, која во периодот на техничката Влада беше дополнителна заменик-министерка за внатрешни работи, а претходно беше шефица на кабинетот на Спасовски, пред да биде избран за технички премиер.
