Пожарот бил локализиран и изгаснат и со тоа било спречено негово проширување на околните објекти

Две хаварисани возила, кои биле паркирани во кругот на струмичката болница, изгореле утринава, информираат од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Струмица.
Пожарот бил пријавен утринава во 5:05 часот, по што веднаш интервенирале тројца пожарникари со едно противпожарно возило.
За кратко време, додаваат од ТППЕ Струмица, пожарот бил локализиран и изгаснат и со тоа било спречено негово проширување на околните објекти.
На местото на пожарот бил извршен увид, а причините за негово настанување ќе се испитуваат.