Лидерите на Фатах и Хамас се сретнаа со медиумите во Пекинг, во присуство на кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји
Со посредништво на Кина, лидерите на најголемите палестински фракции, Хамас и Фатах, потпишаа договор за заедништво, со кој заедно би ја стабилизирале Палестина.
Ова го објави високиот функционер во редовите на милитантната група Хамас, Муса Абу Марзук.
„Денеска потпишуваме договор за национално единство и велиме дека патот до завршување на ова патување е национално единство. Ние сме посветени на националното единство и повикуваме на тоа“,
рече Абу Марзук.

Лидерите на Фатах и Хамас се сретнаа со медиумите во Пекинг, во присуство на кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.
Палестинските фракции одржаа дијалог за помирување во кинескиот главен град. Тие постигнаа договор за формирање влада на единство со цел формирање палестинска држава и ставање крај на окупацијата.
Со ова, тие сакаат да ги обединат институциите на Западниот брег и Газа, да започнат со реконструкција на Појасот Газа и да се подготват за одржување на општи избори што е можно поскоро.

Во меѓувреме, премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, им порачал на семејствата на заложниците кои сè уште се во Газа, дека наскоро е можен договор кој ќе обезбеди ослободување на нивните најблиски.
Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, неодамна изјави двете страни „се приближуваат до крајната цел“.
Најголем притисок врз Израел за мировен договор со Хамас вршат Египет, САД и Катар.