Пред почетокот на првата конститутивна седница на новото Централно претседателство на ДУИ, Изет Меџити, кој е дел од „огнената група“, кажа дека очекува вистинска дебата и најави дека ќе бараат смена на Артан Груби од извршната власт. Груби, пак, во кратката изјава за медиумите го прокоментира денешниот ден како прекрасен и за ДУИ и за сите граѓани
Министерот Бујар Османи од позиција на портпарол на Демократската унија за интеграција (ДУИ) соопшти дека на седницата на централното претседателство завршени се две од предвидените три точки од дневниот ред и дека избрани се 16 секретари за ист број на партиски секретаријати.
Артан Груби е избран за шеф на кабинетот на лидерот на партијата Али Ахмети, Османи за портпарол на партијата, а за заменик портпарол на партијата Арбр Адеми.
Според Османи, сè оделo по предложениот дневен ред и кажа дека едногласно се избрани сите советници во кабинетот на Ахмети и сите секретари во секретаријатите.
„Сè одеше по предложениот дневен ред, односно се разговараше за актуелната политичка состојба во земјата со акцент на евроинтеграциите на создадениот политички моментум во евроинтеграциите определувајќи ја 2030 како година кога земјата треба да стане членка на Европската унија. Со тоа уставните измени и самите преговори остануваат главен приритет на партијата во наредниот период, а очекуваме и главен општествен приоритет“.
рече Османи.
Меѓу избраните секретари се и поранешната градоначалничка на Тетово, Теута Арифи која е именувана во секретаријатот за образование и наука, како и поранешниот градоначалник на Гостивар,Невзат Бејта за локална самоуправа.
Останува третата точка предвидена за презентација на извештајот за работа на министрите, заменици министри и државните секретари, која според Османи, може да трае и со часови.
„Во моментот, првиот вицепремиер го дава извештајот. Извештајот е во писмена и во усна форма. Очекуваме да се развие дебата по сите аспекти. Ова се разбира е додадена вредност во партијата со вклучување на сите членови во евалуација на работата на избраните функционери. Писмен извештај ќе биде споделен и до новинарите со цел и вие да се вклучите во евалуација на работата. Мислам дека воведуваме нов квалитет во проценката на отчетноста на избраните функционери, не само пред структурите на партијата, туку и пред јавноста“,
изјави Османи.
Пред првата конститутивна седница на новото Централно претседателство на ДУИ, Изет Меџити, кој е дел од „огнената група“, кажа дека очекува вистинска дебата и најави дека ќе бараат смена на Артан Груби од извршната власт. Груби, пак, во кратката изјава за медиумите го прокоментира денешниот ден како прекрасен и за ДУИ и за сите граѓани.