Како што утрово објави МИА, според извори од Солун, во болницата „Папаниколау“ се хоспитализирани две девојки и едно момче на возраст од 25, 26 и 19 години, кои се тешко повредени со големи изгореници
Стоиме на располагање на соседната земја. Грција му стои на располагање и на европскиот механизам за спасување и ќе хоспитализира колку луѓе и да бидат потребни, изјави денеска на брифинг со новинарите во Атина портпаролот на грчката влада Павлос Маринакис.
Тој информираше дека досега во болници во Солун се хоспитализирани пет лица.
„Досега пет лица се хоспитализирани во болниците во Солун. Доцна синоќа беа префрлени двајца повредени со изгореници во Воената болница 424, а други тројца продолжуваат да се лекуваат во болницата ‘Папаниколау’,
рече Маринакис, јави МИА.
Тој потсети дека по трагичната несреќа и телефонскиот разговор меѓу министрите за надворешни работи на двете земји со координирани активности на министерствата за надворешни работи, здравство, цивилна заштита и грчката служба за итна медицинска помош, Грција ги презела сите повредени со изгореници побарани преку Европскиот механизам за цивилна заштита“.
Како што утрово објави МИА, според извори од Солун, во болницата „Папаниколау“ се хоспитализирани две девојки и едно момче на возраст од 25, 26 и 19 години, кои се тешко повредени со големи изгореници. Двајца веќе се оперирани, додека пак на двајцата пациенти во воената болница во Солун им била извршена трахеотомија.
Министерот за здравство на Грција, Адонис Георгиадис, синоќа преку платформата Икс информира дека Националниот центар за брза помош е во целосна оперативна готовност за транспорт и лекување повредени со изгореници по барање на Северна Македонија и посочи дека четири болници во Атина и Солун се во состојба на зголемена готовност.