Претставниците на Владата ја истакнале отвореноста за соработка со единиците на локална самоуправа за заедничко надминување на тековните предизвици
Претставниците на Заедницата на единици на локална самоуправа (ЗЕЛС), денеска на средба со дел од владиниот економски тим, ги соопштија предизвиците со кои се соочуваат општините поради економската и енергетската криза и побараа поддршка за нивно полесно надминување.
Делегацијата на ЗЕЛС ја предводеа претседателката и градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, како и потпретседателите, градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов, и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу. Вицепремиерот Фатмир Битиќи, пак, беше придружуван од министрите за финансии, за економија и за локална самоуправа, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши и Горан Милевски.
„Вицепремиерот Битиќи и претставниците на Владата посочија дека за секое прашање кое е важно за граѓаните се води отворен дијалог и притоа ја истакнаа отвореноста за соработка со единиците на локална самоуправа за заедничко надминување на тековните предизвици. Сите теми кои се важни за граѓаните, за нормално функционирање на општеството треба да се дискутираат и да се најдат најсоодветни решенија кои се во општ интерес“,
информираа од владината прес-служба.