Причина за вчерашниот прекин во водоснабдувањетето во Штип, според надлежните во градот била високата матност на водата, која доаѓа преку цевководот од Хидросистемот „Злетовица, поради што била исклучена филтер станицата. Заматеност на водата, како што кажа, директорот на ЈП ‘Исар’ – Штип предизвикало нвремето што во сабоата го зафати Пробиштипскиот Регион
„Поради мало невреме, хидросистемот Злетовица не беше во функција. Единствената опција за вода во Штип. Во 21 век Штип и штипјани зависат од едно невреме дали ќе имаат вода или не… Иван Јорданов и ВМРО-ОКГ ги оставија штипјани во милост и немилост само заради свои бизниси интереси и провизии. Секогаш кога е ВМРО во прашање за нив најважни се бизнисите, а не граѓаните“, реагираа денеска од опозицискиот СДСМ
Откако вчера попладне беше запрено, денеска почнува да се нормализира водоснабдувањето во градот Штип. Според информациите на државната новинска агенција МИА, повеќето штипски населби имаат вода за пиење, но не и жителите на градот кои живеат во повисоките подрачја.

Градоначалникот на општината, Иван Јорданов, за агенцијата изјавил дека во текот на денот се нормализира водоснадбувањето во целиот град и во приградските населби.
Инаку, вчера секнаа чешмите и граѓаните останаа без вода за пиење. Причина, како што соопштија надлежните во градот, била високата матност на водата, која доаѓа преку цевководот од Хидросистемот „Злетовица, поради што била исклучена филтер станицата што ја преработува водата за нејзина понатамошќна дистрибуција низ водоводниот систем.
Поради настаната ситуација, директорот на Јавното претпријатие „Исар“ – Штип, Александар Арсовски, одржа вонредна прес-конференција, на која информира дека причина за исклучувањето на филтер-станицата било невремето во Пробиштипскиот Регион во саботата (29 август), што предизвикало заматеност на водата од Хидросистемот „Злетовица“.
„Причина за екстромно големата матност за водата за пиење е синоќешното невреме што го зафати пробиштипскиот регион, а хидро-системот Злетовица има потешкотии во работењето и снабдувањето со сирова вода на сите општини што ја користат. Ние сме во можност да преработуваме матна вода со параметри од околу 50 NTU а во моментов примаме матна вода со над 400 NTU. Екипите на ‘Злетовица’ и на ЈП ‘Исар’ координарно работат за надминување на овој проблем со водоснабдувањето, а од вас граѓаните бараме разбирање и трпение се до надминување на овој проблем настанат како резултат на елементарна непогода“,
изјави вчера Арсовски.
Тој, одговарајќи на новинарски прашања, не можеше со сигурност да каже кога филтер станицата ќе почне повторно со преработка на суровата вода. Во тој контекст, директорот на Јавното претпријатие „Исар“ – Штип, рече дека на случајот работат со цел да ги заштитат граѓаните и да овозможат тие што побрзо да добијат чиста и хемиско-бактериолошки исправна вода за пиење. Од друга страна, како што додаде, од страна на екипите се води грижа и да се заштити целокупниот автоматизиран процес за преработка на водата во филтер станицата.
Прашан кога ќе се нормализира водоснабдувањето на градот Штип, тој одговори оти е неблагодарно да се каже кога филтер станицата ќе почне повторно да ја преработува сировата вода. Истакнува дека работат на случајот во интерес да ги заштитат граѓаните за да тие добијат чиста и хемиско-бактериолкошки исправна вода за пиење, но и од друга страна, да го заштитат целокупниот автоматизиран процес за преработка на водата во филтер станицата.
Во врска со прекинот на водоснабдувањето во Штип, денеска реагираа од опозицискиот Социјадемократски сојуз на Македонија (СДСМ), од каде обвининија дека ова повторно им се случува на Штипјани поради неспособноста на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Иван Јорданов, кој доаѓа од нејзините редови.

„Поради мало невреме, хидросистемот Злетовица не беше во функција. Единствената опција за вода во Штип. Во 21 век Штип и штипјани зависат од едно невреме дали ќе имаат вода или не. Штипските бунари кои функционираа половина век, над 50 години се запуштени. СДСМ со години апелираше дека штипските бунари коишто треба да бидат алтернативен избор за водоснабдување, не смеат да се остават уништени, како што ги уништи ВМРО“,
изјави Трајче Стојчевски, претседател на подмладокот на социјалдемократите (СДММ).
Тој обвини дека наместо да ги стават во функција бунарите, Јорданов и како што ја нарекуваат, организираната криминал група“ ВМРО издвојуваат 120 милиони денари, односно околу два милиони евра за парк.
„СДСМ и во Советот на (Општина) Штип имаше многу иницијативи, предлози, конкретни мерки. Но, Иван Јорданов и ВМРО-ОКГ ги оставија штипјани во милост и немилост само заради свои бизниси интереси и провизии. Секогаш кога е ВМРО во прашање за нив најважни се бизнисите, а не граѓаните“,
вели Стојчевски.
Потсетувајќи на случајот во Гостивар, тој додаде дека проблемот со водата за пиење не е само локален и дека со него се соочуваат над 50 населени места ширум државата.
За, како што кажа, хаосот со водоснабдувањето, мора да има одговорност, бидејќи, посочува, Македонија не смее да биде држава во која во 21. Век граѓаните с еплашат да се напијат чаша вода од чешма.
