Дополнително, од Министерството информираат дека откако Општината му ги одзела ингеренциите на градоначалникот за именување на в.д. директор на установата, го одзела возилото од градинката, кое во јуни 2021 година му го дала на користење на неопределено време
Општина Врапчиште наложила да се исклучат греењето и струјата во градинката „Пранвера“, кој е составен дел на училиштето во село Врапчиште, во услови на минусни температури од -5 Целзиусови степени.

Ваква информација денеска објави Министерството за социјална политика, демографија и млади, обвинувајќи го градоначалникот на Врапчиште дека ги крши правата на децата согласно Конвенцијата за правата на децата.
Дополнително, од Министерството информираат дека откако Општината му ги одзела ингеренциите на градоначалникот за именување на в.д. директор на установата, го одзела возилото од градинката, кое во јуни 2021 година му го дала на користење на неопределено време.
„Сè до 31.01.2025 година, кога е извршена законска смена на в.д директорот на предучилишната установа, таа го користела возилото за дотур на храна за 40 деца згрижени во објектот во село Добри Дол. Оттогаш па до денес, достава на храна во овој објект се врши отежнато со помош на приватни возила“,
велат од Министерството за социјална политика, демографија и млади.
Оттаму обвинија дека градоначалникот на Врапчиште и Општината и со овој потег го кршат Законот за заштита на децата, со оглед на фактот што се надлежни за нејзино непречено функционирање на предучилишната установа, а во конкретниот случај го попречуваат секојдневниот тек на работите.