Скопскиот градоначалник Петре Шилегов апелира граѓаните да патуваат само со дисциплираните превозници
Откако вчера Град Скопје апелираше сите такси-возачи да почнат да носат заштитни маски и ракавици за превенција од коронавирусот, денеска на терен излегоа инспекциски служби.
„Согласно препораките дадени од Градот, такси-превозниците треба да користат заштитни ракавици и маски. Инспекциските служби денес проверуваат дали такси-превозниците се придржуваат до овие препораки“,
соопштија од Градот.
Градоначалникот Петре Шилегов апелира граѓаните да ги користат исклучиво дисциплираните превозници.
„Граѓаните да не ја користат услугата на несовесните таксисти. Се работи за здравјето на секого од нас“,
порача Шилегов.
Град Скопје апелира сите такси-превозници да ги дезинфицираат такси-возилата на дневна основа пред да се вклучат во сообраќај, а истото важи и за приватните превозници што се вклучени во јавниот сообраќај во Скопје.