Само во последното деноноќие во Гостивар се регистрирани 10 новозаразени пациенти со коронавирус. Овој град е на трето место во Македонија по бројот на активни случаи, со вкупно 315 заразени во моментов. Пред него се Куманово со 336 и Скопје со 861 активен случај.
Михајло од Гостивар кој го победи коронавирусот, преку порака која ја објави министерот за здравство, Венко Филипче, апелира сите да се носат заштитни маски.
Приказната за гостиварецот Михајло е дел од позитивните вести кои министерот за здравство, Венко Филипче, ги објавува на својот фејсбук профил. Михајло успеал да го победи коронавирусот по три неделно лекување. Сместен бил на инфективното одделение во гостиварската болница, откако претходно со денови имал покачена телесна температура. Тој е задоволен од односот на медицинските лица, а на граѓаните им порачува да носат заштитни маски.
„Докторите во болницата постојано беа со нас. Освен тоа што се грижеа за моето здравје, тие во текот на денот доаѓаа и ме прашуваа како сум. Многу сум задоволен од нив и треба да се гордеме со нашите здравствени работници. Три недели без семејството не е лесно и затоа им порачувам на сите да носиме заштитна маска, затоа што таа нѐ штити нас и нашите најблиски“,
вели Михајло.
Само во последното деноноќие во Гостивар се регистрирани 10 новозаразени пациенти со коронавирус.
Гостивар е на трето место во Македонија по бројот на активни случаи, со вкупно 315 заразени во моментов. Пред него се Куманово со 336 и Скопје со 861 активен случај.