Голем пожар што избувна во околината на Прешево, во непосредна близина на автопатот Е-75 меѓу стариот пат Бујановац – Прешево, се уште гори во близина на населени куќи, соопшти Координативното тело за општините Прешево, Бујановац и Медвеѓа.
Според информациите, горат 50 хектари борова шума, а РТВ Врање јавува дека од пожарот е зафатена и боровата шума кај село Црнотинце како и ниска вегетација на потегот меѓу селата Рајинце и Црнотинце.
Општина Прешево прогласи вонредна состојба на територијата на селата Рајинци, Црнотинце, Горња и Доња Шошаја поради пожарот што избувна вчера, а пожарникарите од терен не можат сами да се справат со пламените јазици и затоа се чека на помош од воздух.