Во 22 минута од натпреварот шпанскиот напаѓач Микел Ојарзабал го постигна првиот гол и ја доведе шпанската репрезентација во водство. Вториот гол за Шпанија следуваше во 58 минута, со прецизен потег на Педро Поро, што ја потврди победата против Франција
Репрезентацијата на Шпанија, актуелниот европски шампион е првиот финалист на Светското првенство, откако вечерва во првото полуфинале ја совлада Франција со 2:0.
Во 22 минута од натпреварот шпанскиот напаѓач Микел Ојарзабал го постигна првиот гол и ја доведе шпанската репрезентација во водство. Погодокот беше постигнат од пенал, откако Лукас Дињи направи прекршок над Ламал, по што судијата досуди на белата точка.
Вториот гол за Шпанија следуваше во 58 минута, со прецизен потег на Педро Поро што ја потврди победата против Франција.
До крајот на дуелот францускиот тим не успеа да постигне гол.

Во второто полуфинале закажано за в среда ќе играат Англија и Аргентина.
Финалето ќе се одржи во недела на 19 јули во Њујорк , а ден претходно во Мајами ќе се одигра натпреварот за третото место каде ќе настапи Франција, со поразената репрезенатција од дуелот Англија – Аргентина.
