Неофицијално, во автобусот имало 33 патници и двајца возачи
Две лица загинаа, а неколку други се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово на автопат во Хрватска, кога се преврте српски автобус, потврди хрватската полиција, објави ХРТ.
Несреќата се случила околу 7:25 часот утрово, веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град. Хрватската полиција потврди дека автобусот бил со српски регистарски таблички.
„Неколку лица се повредени и ќе добијат медицинска помош во болниците во областа на Загреб. Сообраќајот е забавен“,
соопштила полицијата.
На местото на несреќата пристигнале служби за итни случаи и пожарникари, а слетал и хеликоптер за итна медицинска помош.
Неофицијално, во автобусот имало 33 патници и двајца возачи. Повеќе медиуми јавуваат дека во несреќата има и тешко и полесно повредени.
