Во текот на денот ќе преовладува топло време со северен ветер, но во попладневните часови се очекува изолирана нестабилност која може да донесе пороен дожд ширум земјава, вклучително и во скопската котлина
Времето денеска во Македонија ќе биде претежно сончево и топло, проследено со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од северен правец.

Иако поголемиот дел од денот ќе биде стабилен, во попладневните часови се очекува изолирана појава на нестабилност, која може да донесе пороен дожд проследен со грмежи, а утринските температури ќе се движат во интервалот од 10 до 21 степен, додека дневните максимуми ќе бидат доста високи и ќе достигнат од 32 до 39 степени.
Слични временски прилики се очекуваат и во главниот град. Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер, додека пак во одредени делови од скопската котлина, во текот на попладнето, исто така ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи. Температурата во главниот град ќе се движи од утрински минимални 18 до максимални 37 степени во текот на денот.
