Јас само можам од мојава позиција која ја имам во моментот да апелирам до градските власти да се разбудат од зимскиот сон, рече министерот Перински

Градските власти да се разбудат од зимскиот сон, е пораката што министерот за локална самоуправа Златко Пирински ја упати до градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, во интервју за Радио слободна Европа.
Тој потенцираше дека главниот град е пред колапс и во тешка финансиска состојба.
„Долгот кој што вие го споменавте, мислам дека се однесува само на градот Скопје. Јас морам да споделам со вас информации коие јас ги имам во моментот. Во овој долг не се влезени долговите на јавните предпријатија, што е уште попоразително за Скопје. Ситуацијата во градот Скопје, јас лично ја имам доживеано за тоа што, како што веќе знаете, бев дел од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ одреден период. Од ова времена дистанција можам да кажам дека Скопје е пред колапс. И ова не го кажам тенденциозно за да нападнам нешто или да креирам некаков нов политички циркус. Не, воопшто не ми е тоа идејата. Јас само можам од мојава позиција која ја имам во моментот да апелирам до градските власти да се разбудат од зимскиот сон“,
вели Перински.
Во интервјуто Перински посочи дека состојбата во главниот град е е премногу загрижувачка.
„Покрај тоа што ништо капитално не се инвестира, финансиската состојба е страшна. Јавните претпријатија ќе останат без вработени. Тоа е многу голем проблем. И сите нас, без разлика на која позиција сме во моментот, зборувам сега како скопјанец, треба да не загрижи и тангира. Навистина голем проблем и голем ризик“,
додаде тој.