Амбасадата на Германија во Скопје соопшти дека на неопределно време ги затвора Конзуларното и Визното одделение во Германската амбасада, како последица на прогресивното ширење на коронавирусот.
Од Германската амбасада информираат дека сите закажани термини ќе бидат автоматски пререгистрирани за некој подоцнежен термин.
Сите што имаат исклучиво германско државјанство и пасошот или личната карта ќе им стане невалиден во следните два месеца, или веќе е неважечки, може да се обратат на електронската пошта info@skopje.diplo.de.
Амбасадата ќе информира на својата веб-страница www.skopje.diplo.de штом ќе се нормализира протокот на посетители и повторно ќе може да има термини.