Имаме ист став со премиерот. Тој треба да ја уедначи својата позиција со неговиот надворешнополитички тим, изјави шефицата на бугарската дипломатија денеска во Битола
Паралелизмот во политиката кон Северна Македонија, за што зборуваше вчера во парламентот, шефицата на бугарската дипломатија, Теодора Генчовска, во денешната изјава во Битола, го сведе на разлики меѓу премиерот Кирил Петков и неговите советници.
„Мојата цел е да вдахнам доверба кај Бугарите во Република Северна Македонија и да направам се што е можно за да се осигураме дека тие ќе бидат впишани во Уставот на оваа земја. Имаме ист став со премиерот. Тој треба да ја уедначи својата позиција со неговиот надворешнополитички тим“,
изјави Генчовска.
Министерката за надворешни работи е кадар на ,,Има таков народ” (ИТН), партијата на шоуменот Слави Трифонов, кој последните недели, во објави на Фејсбук, го обвини својот коалициски партнер – премиерот Кирил Петков дека сака да го тргне ветото за Северна Македонија без какви било гаранции за интересите на Бугарија. И други претставници на ИТН, како заменик-претседателот, Тошко Јорданов, дадоа изјави со кои изразија несогласување со пристапот на премиерот Петков кон темата Северна Македонија. Во критиките, една од главните цели на ИТН е советничката на премиерот Весела Чернева, која го придружуваше Петков и за време на денешниот престој во Битола.
Премиерот Петков, потпретседателката Илијана Јотова, министерката за надворешни работи Генчовска и пратеници од власта и опозицијата беа во Битола, на официјалното отворање на клуб на Центарот за култура „Иван Михајлов“.
„МНР ја води официјалната политика на Бугарија кон РСМ, според рамковната позиција, со поддршка на Народното собрание. Не можеме да поминам без надворешен притисок, но се надевам на разбирање и поддршка од нашите сојузници. Очекуваме нашите колеги од Република Северна Македонија да ги исполнат своите обврски за спроведување на Договорот. Очекуваме конкретни резултати“,
додаде шефицата на бугарската дипломатија во Битола.