Ѓоковиќ автоматски доби забрана за влез во Австралија откако му беше укината визата. Минатата влада официјално го пррогласи како закана за јавната безбедност бидејќи може да предизвика антиваксерски чувства
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе добие виза за Австралија и ќе може да учествува на Австралија опен.
Според „Гардијан“, министерот за имиграција на Австралија, Ендрју Гилс, ќе ја укине тригодишната забрана за влез во земјата. За да го направи тоа, министерот мора да биде сигурен дека постојат убедливи околности кои дозволуваат лице со поништена виза да се врати.
Ѓоковиќ автоматски доби забрана за влез во Австралија откако му беше укината визата. Минатата влада официјално го прогласи како закана за јавната безбедност бидејќи може да предизвика антиваксерски чувства. Ѓоковиќ јавно изјавуваше дека е против вакцините за ковид-19 и одбиваше да се вакцинира.
Тој е 21-кратен освојувач на Грен слем турнири.