Фрекфенцијата на луѓе се намалува навечер по 18 часот кога локалите ставаат клуч на врата
Полни кафулиња, ресторани и паркови. Ваква беше сликата во Битола денеска додека на сила се препораки да не се излегува од дома без потреба, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.


Опасноста од вирусот не ги спречи голем дел од жителите саботното кафе да го испијат на Широк Сокак. Едни по кафулиња, други по паркови уживаа на сонцето.

Само дел од локалите ги почитуваат препораките да се работи со намален капацитет, па помеѓу масите е оставено растојание. Сепак, и натаму е метеж, особено во затворените делови наменети за пушачи.


Фрекфенцијата на луѓе се намалува само по 18 часот кога локалите ставаат клуч на врата.

Во меѓувреме, преку Центарот за јавно здравје во Битола денеска бил тестиран странец со сомнителни симптоми, а резултатите наскоро треба да ги соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
Филипче редовно апелира да не се потценува сериозноста на проблемот и сите граѓани да ги почитуваат владините препораки и да не излегуваат од дома без потреба.
*Поврзани вести:
(ГАЛЕРИЈА) Дебрани дома, улиците празни, мерките се почитуваат
(ГАЛЕРИЈА) Тетовци глуви за препораките, коронавирусот не ја запре стандардната викенд-шема