Локалните медиуми објавија и први видеоснимки од осомничениот напаѓач. Тој е снимен од камери за видеонадзор – облечен е во темна облека, а во раката држи пушка. Мотивот за нападот сè уште е непознат, а за случајот е покрената истрага
Осум лица се ранети во пукање што утринава се случило пред средно училиште во Западна Турција. Инцидентот се случил околу 8 часот наутро по локално време во градот Тургутлу, во близина на Измир. Напаѓачот побегнал од местото на настанот, но брзо потоа бил фатен и уапсен од полицијата.

Повредените, меѓу кои има ученици, биле однесени во болница откако добиле првична помош од Итната медицинска помош испратена на местото на настанот. Најмалку еден од повредените е во критична состојба.
Мотивот за нападот сè уште е непознат, а за случајот е покрената истрага.
Локалните медиуми објавија и први видеоснимки од осомничениот напаѓач. Тој е снимен од камери за видеонадзор – облечен е во темна облека, а во раката држи пушка. На една од снимките тој е прикажан како бега.
