Празни улици, затворени локали, продавници и кафулиња. Невообичаено тивко е денеска во центарот на Скопје, откако на сила се новите мерки против коронавирусот.
По булеварите може да ве пресретне само по некој авотмобил и граѓани кои итаат со полни ќеси прехранбени производи.
Освен катанци на угостителските објекти, известување за забраната за работа стои и на влезовите во спортските обложувалници и казината.
Согласно новите мерки кои беа донесени на вчерашната владина седница, дозвола за работа имаат само продавниците за храна и аптеките. Другите може да работат со достава и нарачки по телефон или интернет. Надлежните апелираа да не се излегува од дома без причина со цел да се ограничи локална трансмисија на вирусот.