Пратениците од крајната левица поднесоа два предлога за гласање недоверба на владата, откако премиерот Барју се повика на посебни уставни овластувања за да го протурка буџетот за 2025 година
Францускиот премиер Франсоа Бајру денеска „преживеа“ две гласања за недоверба парламентот, што го отвори патот за усвојување на долго одложуваниот буџет на земјата за 2025 година, пренесоа светските медиуми.

Двете гласања за (не)доверба на француската влада беа иницирани од крајната левица, но доживеаја несупех, бидејќи не добија поддршка од екстремно десничарскиот Национален фронт на Марин Ле Пен и социјалистите од левиот центар.
За првиот предлог гласаа вкупно 128 пратеници, а за вториот 122, што е значително помалку од потребните 289 гласа.
Пратениците од крајната левица поднесоа два предлога за гласање недоверба на владата, откако премиерот Барју се повика на посебни уставни овластувања за да го протурка буџетот за 2025 година.
Имено, членот 49.3 од францускиот Устав дозволува малцинската влада да усвои закон за буџет без гласање во парламентот.
И Националниот фронт и Социјалистичката партија пред гласањето посочија дека нема да го поддржат предлогот бидејќи на Франција и треба буџет, иако социјалистите рекоа дека подоцна ќе бараат посебно гласање за недоверба во врска со неодамнешните изјави на Бајру за имиграцијата.
Изјавата на Бајру што ги налути социјалистите е дека многу Французи се чувствуваат преплавени од имиграцијата.
Сепка, според прогнозите, многу мали се шансите и ова барање за гласање недоверба на франсуската влада да помине.
Франција се соочува со политичка нестабилност откако претседателот Емануел Макрон одлучи да распише предвремени избори во јуни, што доведе до поделен парламент во кој ниту една партија нема мнозинство.
Спорот околу буџетот, кој се смета за кучен за намалување на долгот на земјата, ги разбрануваа пазарите и ја урна владата на претходникот на Бајру, Мишел Барние, по само три месеци.
Владата на Бајру, пак, преживеа поради „скапите“ отстапки што ги направи кон левицата и крајната десница, а се со крајна цел да го протурка законот за буџет.
„Овој буџет не е совршен. Тоа е итен чекор бидејќи нашата земја не може да живее без буџет“,
им рече Бајру пред пратениците пред гласањето.
Буџетот има за цел да го намали дефицитот, да ги зголеми даноците за големите бизниси и да ги намали трошоците.