Втората фаза на укинување на мерките ќе опфати отворање на ноќните клубови, кои се затворени од декември, додека концертите, спортските настани и баровите повторно ќе овозможат пристап до деловите за стоење
Светската здравствена организација предупреди да не се избрзува со укинување на мерките и доколку земјите се одлучат на такво нешто да се водат од сопствените услови, а не да го следат примерот на други земји
Франција почна да ги укинува рестриктивните мерки, вклучително и задолжителното носење маски на отворено.
Властите, во обид да им го олеснат секојдневниот живот на граѓаните, ги укинаа ограничувањата за присуство на концерти, спортски натпревари и други настани. Работата од дома веќе не е задолжителна, но сепак се препорачува.
Укинувањето на мерките беше поттикнато од две фази на ублажување, објавено кон крајот на минатиот месец, и покрај фактот што во Франција во јануари беше регистриран рекорден број заразени со коронавирусот.
Втората фаза на укинување на мерките ќе опфати отворање на ноќните клубови, кои се затворени од декември, додека концертите, спортските настани и баровите повторно ќе овозможат пристап до деловите за стоење.
Оттогаш, служењето храна и пијалаци ќе биде дозволено и на стадионите, кината и јавниот превоз.
Претходно, Норвешка и Данска најавија дека речиси ги укинуваат сите мерки против коронавирусот.
Но, Светската здравствена организација предупреди да не се избрзува со укинување на мерките и доколку земјите се одлучат на такво нешто да се водат од сопствените услови, а не да го следат примерот на други земји.