Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), висината на снежната покривка во 7 часот на Попова Шапка изнесувала 29 сантиметри, во Маврови Анови седум и во Крива Паланка еден сантиметар
Снег утрово вее на повеќе места на државата, а освен на планините врнежи има и во некои од пониските места и котлините.

Во Тетово, како што јави нашиот репортер и како што може да се види од фотографиите и видеото подолу, во градот под Шар Планина веќе е формирана снежна.
Околу 8:30 часот снег почна поинтензивно да вее и во скопската котлина.
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), висината на снежната покривка во 7 часот на Попова Шапка изнесувала 29 сантиметри, во Маврови Анови седум и во Крива Паланка еден сантиметар.

Сообраќајот, како што информираат од Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ), се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на планинскиот премин Стража и во Маврово.



Временската прогноза на УХМР вели дека денеска ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од снег на планините, на повисоките, но и на пониските места.
Слаб снег во планинските региони ќе има и во текот на ноќта кон вторник.
Инаку, ова е вторпат годинава земјава да биде зафатена од пообилни врнежи од снег. Претходно снег завеа на 11 и 12 јануари при што се формирара значителна снежна покривка.



