Пратениците и членовите на Комисијата за надзор на работата на Агенција за национална безбедност (АНБ) и на Агенцијата за разузнавање (АР), по кратката пауза, се вратија во салата, но пред тоа собраниското обезбедување побара од нив да ги остават мобилните телефони на масата пред салата, а од пратеничките беше побарано покрај телефоните да ги остават и чантите.
Ова е во функција на мерките на претпазливост поради сензитивноста, односно класифицираноста на информациите што директорот на АНБ најави дека ќе ги изнесе во своето сведочење за улогата на Агенцијата за давање позитивно мислење за добивањето македонско државјанство на Онишченко според член 11 од Законот за државјанство.




