Ковчегот со посмртните останки вечерва ќе биде во Бакингемската палата, а од утре во наредните четири дена ќе биде изложен во британскиот парламент каде граѓаните ќе може да влезат и да се збогуваат од кралицата
Ковчегот со посмртните останки на кралицата Елизабета Втора вечерва со воен авион е пренесен од Единбург во Лондон.
Од Единбург го испрати кралицата Ана, единствената ќерка на кралицата, а во Лондон го дочекаа други членови на кралското семејство, меѓу кои и кралот Чарлс Трети кој денеска се прати од неговата прва официјална посета на Северна Ирска како крал.
Кралот во петокот беше во посета на Кардиф во Велс, вчера имаше обраќање во британскиот парламент во Лондон, а потоа и во парламентот во Единбург, Шкотска. Таму тој ја придружуваше поворката со ковчегот на кралицата пеш од замокот Единбург до катедралата Свети Егидио, а луѓето со часови во текот на изминатата ноќта чекаа во редици за да се простат од неговата мајка, кралицата Елизабета Втора.
Во Лондон ковчегот со посмртните останки на кралицата во текот на ноќта ќе биде во Бакингемската палата која беше нејзина официјална резиденција во текот на 70-годишното владеење. Утре тој ќе биде пренесен во парламентот каде ќе биде изложен четири дена, а граѓаните ќе може да се простат од кралицата.
Очекувањата се дека илјадници луѓе ќе поминат низ парламентот, а тоа ќе имаат можност да го направат 24 часа во текот на наредните четири дена.
Погребот на кралицата е закажан за понеделник, 19 септември, кога се очекува присуство на околу 500 странски државници, меѓу кои ќе биде и претседателот Стево Пендаровски со неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска. На погребот не беа повикани единствено Русија, Белорусија и Мјанмар.