Утринските фотографии од местото на трагедијата во Сеул, во која загинаа најмалку 151 човек, а 82-ца се повредени, сведочат за драмата што во текот на вечерта се одвивала таму.
Засега не е јасно што го предизвикало налетот на толпа, но очевидци сведочат, а тоа го откриваат и фотографиите, дека уличките во кои се славела Ноќта на вештерките се исклучително тесни.
Жители на Сеул оставаат букети цвеќе на локацијата на трагедијата во квартот за ноќни излегувања во Итаевон.
Пред зградите на владините институции, знамињата се на половина копје откако претседателот на Јужна Кореја прогласи период на национална жалост.