Најмалку 146 луѓе загинаа во стампедо кога огромна толпа која ја славеше Ноќта на вештерките се натрупа во уличка во областа за ноќен живот во јужнокорејската престолнина Сеул, соопшти службите за вонредни состојби, пренесе Ројтерс.
Уште 150 луѓе се повредени во несреќата во областа Итаевон во Сеул, изјави Чои Сунг-беом, шеф на противпожарната станица Јонгсан на брифинг на местото на настанот.
Многумина од повредените се во тешка состојба и добиваат итна помош, соопштија властите.
Сведоци на настанот опишуваат хаотични сцени неколку моменти пред стампедото, при што полицијата на моменти имаала проблеми да ја одржи контролата над толпата.
Новинската агенција Јонхап претходно објави дека луѓето добиле срцев удар, повикувајќи се на информации од пожарникарите.