Постои и ризик од излевање на Поројска река спрема Тетово -Јажинце, поради што од општина Тетово е испратено багер за да не дојде до блокирање на патот Тетово-Јажинце и се прават напори во нормализирање на состојбата
Според последните информации водата во поплавените населени места во Долнени се повлекува, а поголем дел од општината превентивно е без струја за да се заштитат жителите и мрежата за напојување со електрична енергија
По обилните врнежи што вечерва го зафатија Тетово и околината, до локалните институции и до Центарот за управување со кризи пријавени се поплавени подруми, гаражи и ќуки, а исто така излеана е канализацијата од неколку шахти.
Патот кон с.Фалише кај надвозникот е поплавен е во прекин за движење. Исто така патот што води од стадион до Касарна е поплавен и е во прекин за движење. Поплавени се улиците „141“, „Фуштанска“, „Илинденска“, „114“, „Мирче Ацев“, „121“.
Како што информираа вечерва од ЦУК, во моментов интервенираат ТППЕ Тетово.
Кризниот штаб е активиран, а вработени од ЈКП Тетово се на терен со два багери и интервенираат на каналот што поминува низ с.Мала Речица. СВР Тетово е на терен за нормализирање на сообраќајот.
Постои и ризик од излевање на Поројска река спрема Тетово -Јажинце, поради што од општина Тетово е испратено багер за да не дојде до блокирање на патот Тетово-Јажинце и се прават напори во нормализирање на состојбата.
Исто така, од Центарот за управување со кризи вечерва објавија информација и за состојбата во Долнени, каде дојде до поплави. Според последните информации, водата во поплавените населени места во оваа општина се повлекува, а поголем дел од општината превентивно е без струја за да се заштитат жителите и мрежата за напојување со електрична енергија.
Претходно, градоначалникот на општина Долнени, Урим Ибески, за МИА изјави дека сe поплавени 50 куќи во Лажани и дека нема повредени.
Екипи од ЕВН се на терен и ја следат ситуацијата. Екипата од противпожарната единица Прилеп работи на испумпување на вода од подрум во маркет во село Лажани. До овој момент нема ниту повредени ниту настрадани, соопшти ЦУК.
*Фотографиите се преземени од фејсбук-страницата на ЦУК