Маричиќ при пречекот на аеродромот ѝ подари цвеќе на претседателката на ЕК, а пред Владата таа беше пречекана со највисоки државни почести. Целта на посетата е претседателката на ЕК да ја претстави дополнителната поддршка од ЕУ за Северна Македонија и регионот во справувањето со актуелната енергетска криза
Претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, вечерва пристигна од Скопје од каде ја почнува турнејата низ земјите од Западен Балкан. Целта на посетата е таа да ја претстави дополнителната поддршка од ЕУ за Северна Македонија и регионот во справувањето со актуелната енергетска криза.
На аеродромот во Скопје ја пречека вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, кој ѝ подари цвеќе, додека на платото пред Владата со највисоки државни почести ја добредојде ѝ посака премиерот Димитар Ковачевски.
Во владината делегација на официјалниот пречек пред владината зградата беа и првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот Маричиќ, шефот на дипломатијата Бујар Османи, министрите за одбрана, за внатрешни работи и за економија – Славјанка Петровска, Оливер Спасовски и Крешник Бектеши …
Дел од делегацијата што ја предводи Фон дер Лајен, пак, е еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон со која Спасовски вечерва ќе го потпише Договорот за Фронтекс.
Во моментов во тек е билатерална средба на делегациите, а ќе има и тет-а-тет средби. Потоа ќе следи потпишувањето на Договорот, како и заедничка пред-конференција на претседателката на ЕК и премиерот Ковачевски.
Од Скопје, Фон дер Лајен ќе отпатува во Приштина и Тирана в четврток, Сараево и Белград в петок и Подгорица во сабота.
Видео од официјалниот пречек можете да погледнете ТУКА.