И Зеленски и Трамп во Париз пристигнаа заедно со десетици светски лидери на отворањето на Нотр Дам, и првично требаше да се сретнат со Макрон на две одделни билатерални средби. Само неколку минути пред средбата, француското претседателство потврди дека тројцата лидери ќе се состанат заедно
Францускиот претседател Емануел Макрон попладнево беше домаќин на првата средба помеѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп. Средбата се одржа во Елисејската палата, пред вечерашната церемонија на отворањето на катедралата Нотр Дам.

И Зеленски и Трамп во Париз пристигнаа заедно со десетици светски лидери на отворањето на Нотр Дам, и првично требаше да се сретнат со Макрон на две одделни билатерални средби.
Само неколку минути пред средбата, француското претседателство потврди дека сите тројца лидери ќе се состанат заедно. Освен заедничката фотографија, не дадоа изјави пред почетокот на средбата.

Трилатералната средба уследи по билатералниот состанок на Макрон и Трамп.
United States, Ukraine, and France. Together on this historic day. Gathered for Notre-Dame. Let us continue our joint efforts for peace and security. pic.twitter.com/hEYGEklihT
— Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) December 7, 2024
Пред средбата со францускиот претседател, Трамп за новинарите изјави:
„Се чини дека светот во моментов малку полудува. Ќе зборуваме за тоа.“
Доналд Трамп, кој ќе ја преземе функцијата на 20 јануари, го критикуваше испраќањето милијарди долари од САД за Украина откако Русија ја започна својата инвазија во февруари 2022 година. Тој рече дека може да ја заврши војната во рок од 24 часа, што тој го толкува како Украина да мора да ја предаде територијата под руска окупација.