Демонстрантите носеа и украински знамиња и извикуваа „фашисти“ и „убијци“ кон амбасадорот и руската делегација, а некои од нив беа со бели чаршафи намачкани со црвена боја симболизирајќи ги украинските жртви од војната што ја почна Русија
Демонстранти кои се противат на војната во Украина денеска го нападнаа рускиот амбасадор во Полска прскајќи го со црвена боја. Настанот се случи за време на церемонија на гробиштата во Варшава на која амбасадорот Сергеј Андреев, сакаше да им оддаде почит на војниците на Црвената армија кои загинале за време на Втората светска војна.
Андреев денеска пристигна на гробиштата на советските војници по повод Денот на победата над фашизмот, но таму го пречекаа стотици активисти кои го искажаа својот револт за руската агресија во Украина.
Како што пренесува „Асошиејтед прес“, демонстрантите прво го одзедоа венецот цвеќиња што тој сакаше да го положи, а потоа со црвена боја беше гаѓан во лицето.
The Russian ambassador to Poland was doused with red paint during an attempt to lay flowers at the cemetery of Soviet soldiers, Russian state agencies reported citing local correspondents. pic.twitter.com/H3wZ9u4jXC
— Mary Ilyushina (@maryilyushina) May 9, 2022
Демонстрантите носеа и украински знамиња и извикуваа „фашисти“ и „убијци“ кон амбасадорот и руската делегација, а некои од нив беа со бели чаршафи намачкани со црвена боја симболизирајќи ги украинските жртви од војната што ја почна Русија.
За случајот се огласи и портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, која го осуди нападот велејќи дека „не се плашат“ и дека „народот на Европа треба да се плаши да го погледне својот одраз во огледало“.