Инцидентот се случил кога две лица се искачиле над влезот на хотелот за да постават транспарент за „ослободување“ на сите „приведени“ во хотелот, меѓу кои и Новак Ѓоковиќ, но и голем број мигранти. Полицијата ги уапсила, што предизвикало револт кај другите насобрани
Срѓан, таткото на српскиот тенисер, ги повика граѓаните на Србија во 15 часот да протестираат пред Собранието за поддршка на најдобриот тенисер во светот
Голем број фанови се собраа пред хотелот „Парк“ во Мелбурн за да му дадат поддршка на Новак Ѓоковиќ, а како што објавуваат тамошните медиуми на улиците во градот се забележани крајно бизарни сцени.
Поради тензиите кои се создадоа откако на светскиот тенисер број еден не му беше доволен влез во Австралија и учество на „Австралија Опен“, а тој одлуката по неговата жалба ја чека во хотел, дошло до судир меѓу демонстрантите и полицијата, при што се приведени две лица.
The two protestors on the awning have been taken off by police. #Djokovic pic.twitter.com/d7ucjabyC9
— Cait Kelly (@cait__kelly) January 6, 2022
Инцидентот се случил кога две лица се искачиле над влезот на хотелот за да постават транспарент за „ослободување“ на сите „приведени“ во хотелот, меѓу кои и Новак Ѓоковиќ, но и голем број мигранти. Полицијата ги уапсила, што предизвикало револт кај другите насобрани.
There was a skirmish between protestors on the ground and police as they tried to stop the cherry picker thing. pic.twitter.com/6yJ7rT0Wqq
— Cait Kelly (@cait__kelly) January 6, 2022
Пред ова, имало инцидент на фановите на Ѓоковиќ со други луѓе кои се собрале да го изразат својот протест против односот на австралиските власти кон бегалците.
Австралискиот суд ја одложи одлуката до понеделник, откако тенисерот поднесе жалба поради тоа што му беше укината визата за влез во Австралија.
На Ѓоковиќ сношти му беше укината визата за влез во земјата со образложение дека не приложил доволно докази кои ќе го потврдат неговиот медицински исклучок од вакцинација против ковид-19. Британската агенција „Ројтерс“, пак, објави дека на тројца тенисери кои исто така имале медицински исклучок за вакцинација како Ѓоковиќ, им бил дозволен влез во Австралија, со истата виза која ја имал Ѓоковиќ.
Српскиот тенисер во моментов е во карантин во хотел во Мелбурн, каде ја чека одлуката од судот за жалбата која ја поднесе поради забранетиот влез во Австралија.
Како што пренесува српската РТС, одлуката на австралискиот суд ќе биде донесена помеѓу недела и понеделник според српското време, кога дефинитивно ќе се знае дали светскиот првак во тенис ќе се натпреварува на овогодинешниот „Австралија опен“.
Срѓан, таткото на српскиот тенисер ги повика граѓаните на Србија во 15 часот да протестираат пред Собранието за поддршка на најдобриот тенисер во светот.
„Денеска во 15 часот пред Собранието на Србија ќе се собереме да го поддржиме нашиот Ноле“,
напиша Срѓан Ѓоковиќ на својот Инстаграм профил.