Според австралискиот закон, постои можност на Ѓоковиќ да му се забрани влез во Австралија наредните три години
На Новак Ѓоковиќ му е укината визата за Австралија и тој ќе мора да ја напушти земјата, одлучија тамошните власти, по денешната агонија која се одвиваше на аеродромот во Мелбурн, пренесува српската РТС.
Според австралискиот закон, постои можност на Ѓоковиќ да му се забрани влез во Австралија наредните три години.
Тој нема веднаш да ја напушти земјата, туку ќе биде изведен пред суд додека неговите адвокати ќе се обидат да пронајдат решение за ситуацијата. Тој ќе се обиде преку судска жалба да ја смени одлуката и да добие прилика да учествува на овогодинешниот „Австалија опен“.
Ѓоковиќ не доби дозвола да влезе во Австралија без разлика на тоа што поседува медицински исклучок од вакцинација, а причината за одбивање на визата е оти на граничната полиција не и се пружале доволно силни докази за исклучокот од вакцинација.
Неговиот татко, Срѓан Ѓоковиќ на својот Инстаграм профил објави дека Новак Ѓоковиќ ќе биде депортиран и најави враќање.
„Нашата гордост, нашиот Новак се враќа…Сите треба да го пречекаме како што му доликува“,
напиша тој.
Во меѓувреме, навивачи на Ѓоковиќ почнаа да се собираат на аеродромот во Мелбурн за да му искажат поддршка.