Револтирани од најавеното враќање на полицискиот час во Србија, доцна вечерва граѓани излегоа на протест пред зградата на српското Собрание во Белград.

Граѓаните тропаат во тенџериња, свират и скандираат, искажувајќи го револтот кон најавените мерки.
„Уапсете го Вучиќ“, “Вучиќу лопове“, „Оставки“, се дел од паролите кои се скандираат, пренесува српската телевија Нова.
Пред околу еден час кон собраниската зграда се упатиле и студентите.
Studenjak kreće ka Skupštini! pic.twitter.com/rNXsxk0SQc
— Stefan Ninić (@NinicStefan) July 7, 2020
Протестот започна откако доцна попладнево претседателот Александар Вучиќ најави дека ќе се вратат рестриктивните мерки. Меѓу нив, се и забрана за групирање на повеќе од пет лица, но и полициски час во Белград од петок од 18 часот до понеделник до 5 часот наутро.
Вучиќ рече дека конечната одлука ќе ја има Кризниот штаб, а неговиот личен став е дека полицискиот час треба да важи за цела Србија, а не само за главниот град.