Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во попладневното обраќање до јавноста најави веројатно враќање на полицискиот час во Белград.
Вучиќ најави дека конечната одлука ќе ја донесе Кризниот штаб и истакна дека тој најверојатно ќе трае ќе трае од петок од 18 часот до понеделник до 5 часот, пренесува „Танјуг“.
Одговарајќи на новинарско прашање, дали полицискиот час ќе важи само за Белград, претседателот одговорил дека тој лично би сакал да важи за цела Србија, но за тоа ќе пресече Кризниот штаб.
Србија денеска регистрираше 13 мртви во последните 24 часа, што е најмногу од почетокот на пандемијата. Бројот на нови случаи во последното деноноќие, пак, изнесува 299.