Надлежните посочуваат дека дополнителна опасност е избегната бидејќи плацот каде избувнал пожарот е ограден со ѕидови
Пожар избувна денеска на плац на улицата 1675 број 24 во скопската општина Шуто Оризари, информираат од Центарот за упаравување со кризи (ЦУК).
Според пријавата за пожарот, примена преку бројот 112, запалена е машина за мелење железо.

На терен интервенирала Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје со две противпожарни возила.
Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Скопје, добиени во 12:03 часот од градоначалникот на Шуто Оризари, пожарот е ставен под контрола и нема опасност од негово ширење.

Надлежните посочуваат дека дополнителна опасност е избегната бидејќи плацот каде избувнал пожарот е ограден со ѕидови.
