Покрај улиците, екипи на скопски „Водовод и канализација“ од снег ја чистат и атмосферската канализациска мрежа во главниот град, за непречена функционалност
Главните сообраќајници во Скопје се проодни и исчистени од снегот.
Екипата на „360 степени“ направи мини-обиколка низ дел од улиците во главниот град. Во продолжение пренесуваме видеоснимки и фотографии од булеварот „Партизански одреди“ – главната сообраќајна артерија во Скопје, булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, улицата „Франклин Рузвелт“ во Карпош.


Дел од скопските градоначалници објавија дека уште доцна синоќа надлежни екипи од општините почнале да го расчистуваат снегот.
Покрај улиците, се чисти и атмосферската канализациска мрежа во главниот град.

Екипи на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ го расчистуваат снегот од сливниците и шахтите на територија на град Скопје, со цел нормална и непрекината функционалност на атмосферската канализација.