Дојава за поставена бомба утринава стигнала и на електронската адреса на ГТЦ. Од она што „360 степени“ го забележа на терен, евакуирани се вработените во дуќаните, а полицијата го проверува трговскиот центар.






Дојава за бомба денеска има и во Министерството за надворешни работи.
„Информираме дека до Министерството за надворешни работи преку електронска пошта пристигна информација дека во зградата се поставени експлозивни направи. Министерството веднаш ги извести соодветните служби во МВР, по чии насоки заградата е веднаш евакуирана. Соодветно на безбедносните протоколи, штом се создадат соодветни услови вработените ќе се вратат на работа“,
соопштија од МНР.
Ова е првпат да има дојава за бомба во некое од министерствата. Изминатиот период електронски пораки за поставени експлозивни направи пристигаа само до училиштата, а минатата недела по првпат дојава имаше и во државна институција – Народната банка. Исто така, дојави пристигаа и во полициската станица „Беко“, Железничката станица во Скопје и трговските центри „Бисер“ и „Ист гејт мол“.