Претходно, коалицискиот партнер Влен ја официјализираше кандидатурата на Јакуп Хусеини за градоначалник на оваа општина
И владејачката ВМРО-ДПМНЕ излезе со свој кандидат на вонредните избори за градоначалник на Брвеница.
На редовна седница на Извршниот комитет на партијата попладнево едногласно е избран Стојанчо Радичевски за кадидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница.

Тој е актуелен претседател на Општинскиот комитет на партијата во Брвеница. Дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје и е магистер по граѓанско право.
Очекуваат, како што се велат од партијата, обединување на сите прогресивни сили и поддршка на предлогот кој, додаваат, претставува чесно и искрено решение за напредокот и иднинатата на Општина Брвеница.
Коалицискиот партнер Влен попладнево ја официјализираше кандидатурата на Јакуп Хусеини на вонредните избори за градоначалник на Општина Брвеница.
На овие избори, Демократската унија за интеграција (ДУИ) ќе настапи со кандидатот Аркин Јахији.
Предвремените избори за градоначалник на Брвеница се распишани за 18 октомври годинава откако неодамна почина Јовица Илиевски, кој на последните локалните избори го доби вториот мандат да ја води општината.
