Џоли, која е специјален пратеник на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации, се сретна со сирачиња и раселени деца и лица евакуирани од Мариупол, како и со украински волонтери и лекари кои се грижат за нив
Актерката Анџелина Џоли ја посети Украина за да се запознае со децата погодени од војната и со локалните организации кои работат на нивна заштита.
Џоли, која е специјален пратеник на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации, се сретна со сирачиња и раселени деца и лица евакуирани од Мариупол, како и со украински волонтери и лекари кои се грижат за нив, јавува Би-би-си.
Актерката ги изненадила луѓето и во кафуле во градот Лавов.
На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како таа се поздравува и им дава автограми на обожавателите.