Виталиј Бондаренко, професор на Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ со седиште во Штип, денеска сликаше во градскиот парк во Скопје. Инспирација му беа расцветаните дрва на првиот ден од пролетта.

Бондаренко, кој е Украинец, во краткиот разговор ни рече дека растечката зараза од коронавирусот не го плаши и дека ужива во убавото време и сликањето.

Министерството за образование и наука им даде задолжение на сите државни и приватни високообразовни установи да најдат начин од понеделник да продолжат со онлајн-настава. Тоа важи и за Универзитетот на кој предава Виталиј Бондаренко.
*поврзана вест Адеми: Од понеделник онлајн настава на сите факултети