Сто килограми марихуана спакувана во 10 вреќи (вкупно 98 пакетчиња) била пронајдена во приватен објект на патот кон село Паликура, во општина Росоман, соопшти МВР.
Дрогата била откриена по претходна пријава, а во акцијата учествувале Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции, СВР Велес и Регионален центар Југ.
Во моментов се работи на обезбедување докази за тоа кои лица се инволвирани. Тие ќе одговараат за кривично дело предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик.