Обилните врнежи во текот на изминатото деноноќие го „затрупаа“ Скопје со снежна покривка. Ниските температури не ги предомислија голем дел од граѓаните да излезат и да уживаат во снежната идила.
Голема раздвиженост и денеска има во Градскиот парк, а најбројни се децата кои се радуваат на снежните игри.
Од минусните температури замрзнаa и езерцата во паркот.
Според УХМР, во Скопје во текот на ноќта паднале 7 сантиметри снег, а слаби врнежи продолжија и денеска во претпладневните часови. Денеска ќе биде студено со температура од околу -4 степени и со умерен до засилен северозападен ветер.